Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) на Генералното собрание одржано на 16 и 17.6.2017 година, во Шпанија ја одобри апликацијата и ја прифати Нотарската комора на Република Македонија за член со статус на набљудувач во CNUE.
CNUE е тело основано во 1993, со седиште во Брисел, а од 1 јануари 2006 добива статус на Совет на нотаријатите на ЕУ и е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија.
Нотарската комора на Република Македонија е активна членка на Меѓународната унија на нотарите од 2001 година.
Од комората велат дека во иднина преку членството во CNUE ќе се залагаат за подобрување на билатералните односи со нотаријатите на земјите членки на Европската унија како и за доближување и прилагодување на македонскиот нотаријат кон европските правила и прописи.