Носителот на листа од СДСМ за Куманово најави мерки за подобрување на локалниот економски раст

Од:

Носителот на листа од Коалцијата предводена од СДСМ за Куманово, Атина Мургашанска и кандидатите за советници, денеска одржаа прес-конференција во центарот на Куманово, каде што презентираа дел од мерките опфатени во програмата за локалните избори.

– Во нашиот план за живот за Куманово планираме повеќе пари за општината, а со тоа и повеќе можности за сите. Ќе вложиме во младите и ќе отвориме центри за отпочнување на развој на бизнисите. Ќе направиме здружување на бизнис заедницата, општината и граѓаните со единствена цел нови и подобро платени работни места, рече Мургашанска.

Таа додаде дека ќе ја вклучат бизнис заедницата во дефинирањето на приоритетите на општината и ќе воведат бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој

– Планираме подобрување и создавање услови за развој, инвестирање во индустриската зона, утврдена со урбанистичкиот план во населено место во месноста Речица и Новине преку изработка на проектна документација и реализација на инфраструктурата која ќе овозможи квалитетен пристап и промоција кај потенцијалните инвеститори, изјави Мургашанска.

Со тоа, рече, ќе се создадат услови за создавање нови работни места, а потенцијалните инвеститори ќе имаат подобри услови.

– Ќе воведеме мерки со кои општината ќе и овозможи на бизнис заедницата да го зголеми капацитетот на вработувањето и нови мерки со кои младите ќе започнат свој сопствен бизнис, додаде Мургашанска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници