Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

Од:

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран. Машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава, изјави Тони Димовски, претставник на машиновозачите и помошниот персонал.

Димовски информираше дека од Железничката станица во Скопје во 14.30 часот веќе е заминат возот 643 на релацијата Скопје – Битола.

Според Димовски, на средбата е договорено за платата за јули менаџерскиот тим во соработка со министерствата за финанси и транспорт да смогне сили вториот дел да го исплати до 25-ти месецов. – Доколку не биде исплатен, наредниот ден, на 26 август, машинскиот персонал повторно ќе биде во бојкот и нема да ги извршува раотните задачи, изјави Димовски.

Тој најави и дека повторно ќе го блокираат железничкиот сообраќај доколку не им биде исплатен и надоместот за квалитет во износ од 30 проценти, што со јунската плата им бил намален на 20 проценти.

– Разговаравме и за исплатата на надоместот за квалитет којшто со јунската плата ни беше намален од 30 на 20 проценти. Бараме со првиот дел од јулската плата што треба да се исплати на 15 август да добиеме надомест во износ од 30 проценти. Во спротивно, односно доколку не биде 30 проценти, наредниот ден во 7 часот машинскиот персонал ќе ги прекине работните обрски, рече Димовски.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал почна вчера во 16 часот со целосна блокада на патничкиот и товарниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он

Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10

Ана Ололовска