Нормализиран сообраќајот на патот Удово – Валандово – Марвинци

Од:

Сообраќајот на крстосницата на патот Удово – Валандово – Марвинци од 13:55 часот е нормализиран откако денеска беше блокиран од страна на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

Овој патен правец беше блокиран од 11 часот со земјоделска механизација во знак на протест бидејќи општинскиот Совет не го исполнил барањето до вчера да донесе одлука за распишување референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат „за“ или „против“ работа на рудникот „Казандол“ и отворање рудници на територијата на општина Валандово.

Од граѓанската иницијатива најавија дека блокадите ќе продолжат и наредните денови можеби во различно време и на други локации се до исполнување на нивното барање.

Барањето на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ со потребните потписи уредно е доставено и примено од локалната самоуправа од каде пак велат дека согласно законот по него може да постапуваат во рок од 60 дена и оти тој рок истекува на 9 август.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on