Од 12 часот денеска нормализиран е сообраќајот на автопатот Гевгелија – граничен премин Богородица и обратно, кај бензинската пумпа „Шимов“, соопшти АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 10 часот изутрината поради блокада поставена од такси и автобуски превозници.