Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски – нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница ги избра Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски за нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Нола Исмајлоска доаѓа од Струга. Има завршено Медицински факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На последните предвремени парламентарни избори беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија од Изборна единица 5.

Член е на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања.

Фатмир Имероски на последните парламентарни избори беше избран за пратеник. Роден е во Дебар. Има завршено Факултет за економија и менаџмент, ВУАРР во Република Бугарија.

Во Собранието на Република Македонија членува во Буџетскиот совет и во Комисијата за транспорт, врски и екологија и Комисијата за прашања на изборите и именување.

ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од партијата, секогаш ја спроведува практиката на освежување на своите кадри, кои што со својата посветеност ќе го дадат максиумот за унапредувањето на работата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела