Ноќ на сликарство и музика

Од:

“Културата е јазикот со кој се разбираме ние и Македонија”.

Со овие зборови амбасадорот на Полска во Македонија н.е. Јацек Мултановски се обрати пред полната галерија во Кинотеката на Македонија, при отворањето на изложбата на двајцата врвни сликари од Полска Анета Јазвинска и Грегорж Калиновски.

“Полска, рече амбасадорот Мултановски, го изгради Музејот на современата уметност во Скопје како помош во воздигнувањето на постземјотресно Скопје. Сега во него има над 200 дела на полски уметници , слики, скулптури, инсталации. Вечерашнава изложба е во духот на таа соработка, рече амбасадорот на Полска”.Во името на Општина Карпош, изложбата ја прогласи за отворена Горан Михајлов, претседател на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, кој се заблагодари за доаѓањето на овие врвни полски сликари, посебно на честа што на Карпош му е укажана со присуството на полскиот амбасадор во Република Македонија.

Објаснувајќи ја темата на нивното сликање ликовната уметница Јазвинска рече дека живееме во стресно време и мораме да се вратиме кон природата, што е главниот мотив кој превладува во нивните дела. Вториот дел од вечерта на Карпошовото културно лето 2014 мина низ нотите на хорскито пеење. Градскиот мешан хор Вардар под диригентската палка на м-р Јасмина Ѓорѓеска .Беа изведувани дела на Прокопиев, Скаловски, Мокрањац, Верди и Бизе. Утре во 12 часот на платото во Лептокарија пичнува ликовниот хепенинг на 20 академски сликари, а вечерта во 21 часот во Скејт паркот концерт ќе идржи познатата група Eye Cue.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје