Ногачески: Дебрца ќе биде отворена и транспарентна општина

Од:

Граѓаните сакаат градоначалник кој ќе ги прими и сослуша, затоа давам збор дека општина Дебрца ќе биде отворена и транспарентна општина за сите, изјави кандидатот за градоначалник на Дебрца од коалицијата „Живот во Македонија“, Зоран Ногачески на денешниот завршен митинг.

Тој кажа нивни приоритети ќе бидат градење на инфраструктура за сите, стопирање на регионалната депонија во Дебрца и локалниот економски развој, односно повеќе пари за граѓаните и можности за сите.

На митингот се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека повторно ќе се врати слободата во Дебрца.

– Давам збор дека идната локална власт, ќе има максимална подршка од Централната Власт. Ќе овозможиме повеќе пари за граѓаните, субвенции за земјоделците, средства за поттик на претприемништвото за младите да ни останат тука. Заедно донесеме нов закон за повисока минимална плата од 12 000 денари, закон за стечајни работници, укинување на екстерното тестирање, враќањето на ефтината тарифа и дека повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса. После 15 Октомври Дебрца ќе си ја врати слободата онака како и што и доликува, нагласи Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?