Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена за новинарот Зоран Божиновски.
Божиновски се товари дека ги сторил кривичните дела: злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
За кривичните дела, осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот, истрагата беше прекината и продолжи по неговата екстрадиција од Србија во Македонија на 21 април годинава, од кога е тој во притвор.
Предметот ќе биде распореден кај судија за понатамошно постапување.