Низ призмата на ученици со дијабетес, одбележан светскиот ден на дијабетесот во Битола

Од:

На иницијатива на наставничка во О.У. „Св.Климент Охридски“, која во својот клас има две деца со дијабет, на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември, училиштето одлучи да се стави акцент на ова прашање кај детската популација, преку настанот „Подигнување на свеста за лицата со дијабетес 1“.

Општина Битола, препознавајќи го овој проблем како нешто кое што веќе станува реалност и кај младата генерација, исто така им ја дава својата поддршка на училиштата во насока на подигнување на свеста за оваа појава.

„Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот на ваков начин, во една образовна институција е многу значајно, затоа што на тој начин се побудува свеста и на младата популација за културата на живеење , начинот на исхрана, начинот на однесување, оттргнување на дечињата од компјутерските игри, од постојаното седење покрај компјутери, а наспроти тоа овозможување и активирање на спортски активности кои што ќе значат здраво живеење. Исто така, ваквите настани се значајни затоа што треба да го гледаме дијабетесот како состојба, како нешто со кое што треба да се бориме доколку го имаме како појава во организмот, а не како нешто што претставува опасност за околината. Севкупно гледано, ова е јакнење на свеста и кај младата популација и кај целокупното општество за тоа како треба да се поставуваме, но и да се однесуваме кон препреките на животот, меѓу другото и со дијабетесот“, рече градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

Учениците преку пригодна програма пред своите наставници, соученици и гости ја покажаа солидарноста со децата кои што имаат проблем со дијабетесот.

„Секојдневието со кое се соочува нашата наставничка Весна Аврамовска – Димитровска, во чиј клас има две деца со дијабетес, ја покажува на дело воспитно-образовната компонента на наставниот процес, каде што таа вложува максимални напори во секојдневните активности се да се одвива нормално. Преку нивниот снимен филм, самите ученици покажаа какво е нивното секојдневите со кое со соочуваат, појавите на страв, несигурност, жал, но од друга страна и на толеранција, заедништво и среќа“, рече директорката на О.У. „Св. Климент Охридски“ Гордана Анастасовска.

За раното соочување со дијабетесот кај децата, за се пониската граница на возраст на појава, како и за стигматизацијата на лицата со дијабетес од страна на општеството, говореше Мирјана Младеновска, специјалист-интернист дијабетолог.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски