Ниту Мицкоски нема да го слави Илинден во Крушево, ќе одел во Ташмаруништа

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да го слави Илинден на Мечкин Камен во Крушево, иако е поканет од шефот на државата, Стево Пендаровски. Од прес-службата на партијата велат дека како и минатата година, доследно на традицијата, Мицкоски ќе биде во струшкото село Ташмаруништа, каде ќе се обрати пред присутните. Засега нема информација дали делегација од ВМРО-ДПМНЕ ќе има во Крушево.

“А1он” веќе објави дека ниту собранискиот спикер, Талат Џафери нема да оди да го чествува Илинден на Мечкин Камен на 2 Август, поради како што вели, приватни обврски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања

Мицкоски: Нудиме остварливи мерки во економијата

СДСМ: Мицкоски уште еднаш потврди дека со него и со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

Мицкоски: Ова не се избори за избор помеѓу Европа и изолација

Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија

Мицкоски со став: Кандидатурите на Јакимовски и Ванковска се со улога да го ослабат потенцијалот на Силјановска Давкова

А1он