Ниту еден пријавен на тендерот за згрижување на кучињата-скитници во Штип

Од:

Рокот за пријавување на јавниот конкурс за избор на најповолен економски оператор за заловување и стручен третман на кучиња-скитници и нерегистрирани кучиња, кој беше распишан од страна на Општина Штипна на почетокот на минатиот месец, истече денес, па надлежните од Oпштината решија доследно да ја примени постапката јавни набавки и да ги отворат пристигнатите понуди пред медиумите.

kuciii (1)

Но, она што најмногу ги изненади медиумите беше информацијата дека на тендерот за јавни набавки не се пријавил ниту еден економски оператор, па со јавното отворање само би се констатирала ваквата состојба и би се задоволила потребата од транспарентност.

„Во согласност со законот за јавни набавки ќе се донесе одлука за поништување на постапката за јавна набавка, а градоначалникот ќе донесе дополнителна одлука за спроведување на нова постапка за јавна набавка“, изјави Сања Серафимова, вработена во Општина Штип.

kuciii (5)

kuciii (4)

kuciii (6)

Штип е без служба што се грижи за заловување и стручен третман на кучињата-скитници уште од октомври минатата година, кога поради скандалот за нехуман и свиреп третман врз кучињата-скитници, Ветеринарната станица во Штип го раскина договорот што го имаше склучено со Општината за извршување на оваа задача.

Немањето соодветна служба што ќе се грижи за згрижување на кучињата-скитници резултираше со енормно зголемување на бројот на кучиња кои талкаат по штипските улици. Бројот на регистрирани бездомни кучиња во моментот се искачи над 500, а дел од нив се заболени и преставуваат потенцијална опасност за граѓаните.

Граѓаните бараат локалните власти посериозно да му пристапат на овој проблем и да ја одврзат општинската „кеса“, бидејќи, сепак, во прашање е безбедноста на граѓаните.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор