Ниту еден од пациентите заразени со делта-сојот не е вакциниран

Од:

Ниту еден од ковид-позитивните пациенти кај кои е изолиран делта-сојот на вирусот не е вакциниран против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

По направените анкети со пациентите, посочуваат од Министерството, утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.

– Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој осум-девет дена откако појавил симптоми на Ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација, информираат од МЗ.

Во моментов, додаваат, се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и можно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот.

Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид-19.

– Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид-19, наведуваат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски