Ништо немав, само децата, нивната е и моја среќа

Од:

Во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од скопскиот земјотрес, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци заедно со општина Центар и амбасадата на Швајцарија организираа настан во кој учествуваа учениците од ова училиште, а им се придружија и учениците од други скопски училишта, со она што најдобро го знаат.

Повеќе од еден час, на сцената во фоајето на училиштето се славеше животот, на германски и македонски јазик се пееше, рецитираше, се раскажуваше и дефилираше. Училиштето е донација на швајцарската влада по скопскиот земјотрес, изградено 1967 година, проектирано од еден од нивните најпознати архитекти Алфред Рот.
На присутните им се обрати градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој рече:

„Двајца многу значајни Швајцарци се поврзани со ова училиште, двајца визионери и хуманисти, луѓе пред своето време, архитектот Алфред Рот и Ј.Х. Песталоци, реформатор во образованието, хуманист, педагог и учител, кој особено го опишуваат неговите зборовите кои се наоѓаат на влезот на училиштето:

„Ништо немав, ги имав само децата. Нивната среќа е и моја среќа. Нивната радост е и моја радост.“

pestaloci 5

Исклучително емотивен говор имаше и амбасадорот Стефано Лаѕароти, кој покажа фотографија од швајцарско списание кое излегло еден ден по земјотресот, на кое се наоѓа дете среде урнатините под кои се најде Скопје на тој кобен ден , кога 30 илјади деца го напуштија градот. Додека Скопје не ги залечи раните, светот ги отвори своите врати за нив, а 120 деца го загубија животот

. Во сеќавање на тоа време, со желба никогаш да не се повтори, децата го прикажаа она што најдобро го знааат, а на бината се менуваа како разгледници нивните точки во кои се прикажува нивната радост, живост и веселост, и нивниот талент. Ова беше редок момент кога на едно место се најдоа некогашните ученици на едно од најдобрите скопски училишта и нивните деца, кои се сегашни ученици на истото училиште.

Сите присутни се заложија да му го вратат сјајот на училиштето, и тоа навистина да стане втор дом и за сегашните ученици и за сите идни генерации.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски