Обвинителството покрена обвинение против Александар Василевски – Нинџа, поради убиство во обид над клучниот сведок во акцијата „Детонатор“, Драганчо Стоименов.
Второобвинет за помагање при убиство во обид е Никола Митревски. На двајцата обвинети притворот ќе им биде продолжен.
На паркинг во населбата Аеродром, во близина на неговиот дом, врз Стојменов беше пукано на почетокот од декември лани, при што се здоби со повреди. Клучниот сведок во „Детонатор“ тврдеше дека напаѓачите се Нинџа и Митревски.
Инаку, на Стоименов тоа му беше четврт обид за негово убиство.