„Нинџа“ го нападнал клучниот сведок во „Детонатор“

Од:

Доцна попладнево е фатен 32 годишниот скопјанец Александар наречен „Нинџа“, осомничен за оружен напад врз Драганчо Стојменов, клучен сведок во акцијата детонатор, јави „Канал 5“.

Тој со уште едно лице на 2 декември го нападнале Стојменов, кој полесно беше повреден во десната нога. Тоа беше четврти напад врз Стојменов, кој беше мета на бомбаши кои поставија два пати бомба под неговиот автомобил.

Последниот обид за негова ликвидација полицијата не го поврза со случајот „Детонатор“, бидејќи двајцата напаѓачи кои Стојменов ги посочил дека пукале кон него, не биле поврзани со обвинетите од Кочани и Виница.

Полицијата најавува повеќе детали за утре, а дотогаш ќе бидат извршени претреси во повеќе објекти.

Би можело да ве интересира

Екстрадиран Железарски осуден во „Детонатор“ кој и порача на судијката дека ќе ја исече на парчиња

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затвореници се изживуваат со ексначалникот на кочанската полиција осуден во „Детонатор“

Ана Ололовска

Семејствата на обвинетите во „Детонатор“ со демант до МВР

Ана Ололовска

Скопска Апелација го врати предметот „Детонатор“ на првостепениот суд

Ана Ололовска

Пресуди за обвинетите во „Детонатор“

Ана Ололовска

„Детонатор“ се враќа назад во доказна постапка

Ана Ололовска