Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево разговара со Груевски

Од:

Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц денеска во Скопје имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а попладнево во Владата се среќава со премиерот Никола Груевски.

На средбите со македонскиот државен врв се очекува да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи во Атина.

Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје изјави дека работи напорно за да се види дали е можно да се постигне некаков напредок.

Тој завчера во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

– Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме, рече Нимиц.

Тој нагласи дека не може да открие што презентирал, но изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија