Николовски во Македонски Брод: Ќе ги запреме криминалот и корупцијата

Од:

Членот на ИО на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Комисија за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ остварија средби со жителите на Општина Македонски Брод.
 

Огромната миграција на младите луѓе е се по застапена во Македонски Брод. Невработеноста, сиромаштијата и лошата економска состојба, се поразителните резултати од погрешните политики на Груевски и фамилијата кои ја пустошат Македонија, коментираа жителите.
 12694619_1749566611931537_6844666573815492917_o
-Нашиот регион има потенцијали, потребни се фабрики, инвестиции за да си ја задржиме младината во нашиот град! Децата за парче леб си заминуваат! Дајте да ја смениме оваа криминална власт која направи пустош низ Македонија!,се пожалија жителите на овој регион.
 
-Наместо 630 милиони евра за споменици можеа да се отворат 126 фабрики и да се вработат над 100 илјади граѓани. Програмата на СДСМ којашто ја работевме заедно со вас, граѓаните, има решенија, има пакет мерки со коишто ќе отвориме нови работни места за младите да останат во својата држава, да имаат сигурна иднина  дома. Ќе ја зголемиме просечата плата за речиси 30 илјади денари, потенцираше Николовски.
 
-Ветуваме отчетност и одговоrност, слободни медиуми, независно судство и силен граѓански сектор. За секоја општина предвидуваме приоритетни проекти коишто веднаш ќе ги реализираме, рече Николовски.12698143_1749566281931570_4048234358836962216_o
 
За политичката ситуација во државата, Николовски рече дека Никола Груевски и фамилијата мора да одговараат за одземените 10 години од животот на граѓаните на Република Македонија.
 
-Милионите коишто завршија во џебовите на Груевски и фамилијата, медиумските мегфони, и сите блиски до оваа криминална банда ќе ги вратиме назад кон граѓаните. Секој што се огрешил пред закон ќе одговара, рече Николовски.
 
-Во Македонија мора да има фер и регуларни избори. Македонија се движи кон промени и тој процес е незапирлив. По промените, ќе живееме во нормална и просперитетна држава. Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски, ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурна иднина за младите, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски