(ВИДЕО) Николовски: Повисоки плати и помали трошоци за секое семејство

Од:

Носителот на кандидатската листа од опозициската коалиција на СДСМ во ИЕ 3, Љупчо Николовски, денеска пред граѓаните на Делчево промовираше дел од економските мерки предвидени во „Планот за живот на Македонија“. Зборувајќи за мерките тој се обврзува пред граѓаните на Делчево дека нивни прв приоритет е да се вратат парите назад кон граѓаните.

– Она што е фокус во Планот за живот на Македонија се платите на луѓето. Ќе ја покачиме минималната плата во првите 4 месеци на 12 илјади денари, а до крајот на мандатот на 16 илјади денари. Наша цел е просечната плата во државата да биде 30.500 денари. Тоа ќе го направиме со низа на мерки за подобар живот на секој граѓанин тука во Македонија. Не само што ќе се зголемуваат платите на граѓаните, туку ќе се намалуваат и трошоцте на секое семејство.  Во секое семејство на крајот од годината ќе влегува по една просечна плата, како резултат на нашата мерка за враќање на 15% од ДДВ  на секој семеен буџет. Ќе ја укинеме радиодифузната такса, ќе ја вратиме евтината електрична енергија секој викенд и дополнитело два часа секој друг ден во неделата, истакна Николовски.

Тој додаде дека 140 милиони евра ќе се насочат кон домашните мали и средни претпријатија кои ќе отвораат нови работни места и ќе даваат просечни плати во државата.

– На најранливите категории ќе посветиме најмногу внимание, затоа ќе има помали извршителски трошоци и помали судски такси и помали камати ќе плаќа секој човек и секое семејство што има помали приход во својот семеен буџе, истакна Николовски.

Рече дека ќе се спроведе и целосна гасификација во 32 општини што ќе значи повеќе пари за секое семејство  и повеќе пари во секоја општина. – Мерките предвидени во нашиот план за живот во Македонија мора да се реализираат за да има доостоинствен живот на сите.  Ќе се грижиме и за пензионерите, и најавуваме дека  два пати годишно ќе се зголемуваат пензиите, а на крајот на годината ќе има вонредно покачување на пензиите усогласено со трошоците за живот. Ќе ја воведеме државната социјална пензија со што нема да има ниту еден човек во државата кој нема да има пензија. Ќе изградиме искрена чесна власт, влада и институции кој ќе работи единствено во инстерес на секој човек на секој граѓанин, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски