Николовски: Владата и студените се на иста страна, заеднички градиме меѓусебна доверба и систем за борба против корупцијата

Од:

Планот за борба против корупцијата е од отворен тип и ги повикувам сите млади, студентите и претставниците на студентските домови проактивно да се вклучат во креирање на мерки и политики за спречување и сузбивање на корупцијата во областите за кои тие се засегнати, односно во универзитетите, студентските домови, целокупниот процес на студирање, постапките за сместување на студентските домови и трошењето на јавните финасии, истакна заменик-претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Тој, на денешниот работен состанок со директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Виктор Велевски и претседателката на УСС-УКИМ, Ева Цветковска, го презентираше Планот за борба против корупција со посебен акцент на мерките и активностите наменети за високообразовните институции и студентските домови како и задолженијата кои произлегуваат и се однесуваат на јавните институции.

Директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Виктор Велевски ја образложи актуелната состојба во домовите кои се под негова надлежност.

Директорот го потенцира намалувањето на долговите на домовите, кои биле наталожени во годините наназад како еден од неговите најголеми приоритети. Преку ангажирање економски оператори, воспоставени се нови стандарди и постигнато е значително подобрување на квалитетот на исхраната. Забележан е и инфраструктурен прогрес, завршени реновирања и реновирања во тек. Активно се работи на уредување на дворовите на домовите како и изградба на четири игралишта во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Велевски наведе дека и студентските домови како и други структури ви општеството подлежат на корупција која е забележано најзастапена во тендерските постапки.

– Потребно е намалување на учеството на човечкиот фактор при склучување и реализација на договорите за јавни набавки. Во делот на сметување на студентите во студетските домови, оваа постапка е целосно модернизирана, електронска при што се намалени ризиците од коруптивно однесување, рече Велевски.

Претседателката на УСС-УКИМ, Ева Цветковска истакна дека клучните проблеми при борба со корупцијата ги детектираат во недоволната доверба на студентите во институциите кога се работи за пријавување коруптивни дејствија и незапознаеноста со постапките и процедурите.

Вицепремиерот Николовски посочи дека Владата иницира јасни правила и процеси, брза детекција и максимална посветеност на сите засегнати чинители во борбата против корупција.

– Транспарентно и одговорно се дејствува за градење меѓусебна доверба и создавање средина која ќе ги обликува моралните и етичките стандарди на сите млади луѓе, наведе Николовски.

Би можело да ве интересира

Владата демантира дека премиерот Заев имал контакти или соработка со Пекер

Влада: Идентитетот и јазикот не може да бидат предмет на преговори

Студентите во Њујорк ќе мораат да се вакцинираат ако сакаат да следат предавања

Жарко Настоски

Влада: Новите толкувања во речникот се од експертите на ИМЈ, ние само го одржуваме системот

Жарко Настоски

Владата го поддржува рушењето на дивоградбите на охридското крајбрежје

Жарко Настоски

Владата го усвои скратениот полицискиот час, за патниците од Индија и Бразил – 14 дена карантин

Жарко Настоски