А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Николовски: Со новата владина одлука се спречува злоупотребата на службени возила

by А1он07/09/2021 - 15:08247
Share0

​​На денешната владина седница, на иницијатива на заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, беше донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Со новите одре​д​би, секое користење на службенте возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности“ – вели Николовски.

„Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција.

Ова е уште една владина мерка во насока на рационално користење на службените ствари и буџетските средства. Во изминатиот период се донесе и веќе се применува одлуката со која се ограничуваат тро​ш​оците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори“, велат од Кабинетот на вицепремиерот Николовски.

Следете a1on на Youtube YouTube
Ljupco Nikolovskivlada

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Николовски: Станува збор за политички монтиран случај

Горан Наумовски13/05/2026 - 12:12

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто