Николовски: Скандалот во којшто е вплеткан пуленот на Груевски, Делев, добива нови димензии

Од:

„Скандалот во којшто е вплеткан пуленот на Груевски, Христијан Делев, добива нови димензии.

По доказите за потпишаниот анекс договор, кој што ги потврди и Делев со којшто незаконски и без овластување го ослободува од плаќање на закуп „Лозарство“ Таринци за 334 хектари, денеска објавуваме нови докази за ист ваков случај за 3220 хектари дадени под закуп на Вардар Градско“, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Ова е основниот договор за закуп склучен во 2004 година согласно којшто корисникот е ослободен од плаќање на закупнина во период од 4 години од денот на уписот на регистрација – пререгистрација во трговскиот регистар.

Ова право го имале корисниците согласно Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште.

Ова е решение од регистрациониот суд Скопје 1 Скопје од каде што се гледа дека уписот во регистарот на АД Вардар Градско е на 28.04.1999 година.

Ослободувањето на четирите години од плаќање на закупнина течат токму од овој упис односно од 1999 година.

За ова постои уште еден доказ а тоа е мислењето на Државниот правобранител на РМ кој за овој случај констатира дека закупнината се плаќа од моментот на склучување на договорот за закуп а тоа е 05.05.2004 година.

Но, денеска приложуваме нов анекс договор, потпишан од Христијан Делев со којшто, го ослободува од плаќање на закупнина Акционерското друштво „Вардар Градско“ за периодот од 2004 до 2008 год. за вкупно 3220 хектари, а спротивно на мислењето на Државниот правобранител на РМ и Законот за земјоделско земјиште.

Делев е должен да одговори врз основа на кој закон ослободувал фирми од плаќање на закупнина? Дали имал овластување да потпишува договори во име на министерството?

Во колку вакви случаи е вплеткан Христијан Делев и како доаѓа до договорите кои ги прикажува во јавност кога тој веќе не работи во МЗШВ?

Земјоделците чиишто пари и чијашто земја се злоупотребени, очекуваат одговори.

На самоволието на функционерите на Груевски му доаѓа крајот.

Време е за вистината и за враќање на довербата во институциите на државата.

Земјоделците имаат право да знаат како фирми блиски на власта против законски се ослободувале од плаќање на закупнина додека на вистинските земјоделци, ако еден ден задоцнат со плаќање им се укининуваат субвенциите.

Ќе ја исправиме оваа неправда. По промените доаѓа вистинска грижа за земјоделците и земјоделското производство“, изјави Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје