Николовски се сретна со претставници на Паневропската Унија: Не е возможно државата да се врати на европскиот пат со СДСМ на власт

Од:

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со претставници на Паневропската Унија, која е најстара организација, чија цел е обединување на Европа.

Николоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека како партија останува силно посветена на европскиот пат. На средбата беше посочено дека власта освен декларативната европска заложба, во пракса ништо не прави за придвижување на државата кон ЕУ, како и дека без помошта на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони немаше да биде вратена безусловната препорака на ЕК за Република Македонија.

Европските претставници беа запознаени и со политичкиот прогон кој го спроведува власта врз политичките неистомисленици. Николоски посочи дека СЈО и ОЈО се користат како алатка за политички прогон и дека се води политички мотивираната хајка врз повеќе од 200 членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски посочи дека судството е заробено од страна на власта. Додека процесите против Зоран Заев се влечат по неколку месеци без да има рочиште, против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се водат брзи постапки, без аргументи и целосно неосновано.

Заробениот правен систем од страна на власта, резултира и со заробеност на целата држава, посочи Николоски, што се гледа и во очајните резултати во економијата и зголемувањето на сиромаштијата. Додека во исто време врвот на власта се богати со злоупотреба на државата и државните ресурси.

Николоски кажа дека државата мора итно да се врати на европскиот пат, со реални реформи и со ефикасност на правниот систем. Тој потенцира дека тоа не е возможно со СДСМ на власт, бидејќи за една година покажаа како не треба да се води Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер