Николовски: Се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет

Од:

Не верувам дека изјавата од вицепремиерот Никола Димитров нешто ќе предизвика, напротив јасните, транспарентни и отворени ставови треба да станат пракса во македонската демократија, а не некакви позадински игри, изјави заменик претседателот на Владата, Љупчо Николовски за време на денешната посета на Општина Битола.

-Министерот Димитров даде силен придонес, особено во донесувањето на Преспанскиот договор заради кој денес нашата држава е членка на НАТО. Ние сме дел од тој елитен безбедносен клуб и остваривме еден од стратешките приоритети – ветување на многу генерации политичари кои немаа храброст тоа да го направат. Димитров заедно со премиерот Заев даде голем придонес во тој правец и верувам дека и понатаму ќе придонесува во сите остварувања на стратешките интереси на државата особено во европската перспектива. Ние сега сме соочени со проблемот со Бугарија, но не станува збор за некаква попустливост, напротив се што правиме е во функција на заштита на македонскиот идентитет, на културата, јазикот, традициите и се што ни е оставено вековно да го чуваме. Така станавме членка на НАТО и така ќе чекориме кон европската перспектива. Но, ја разбирам и разочараноста на министерот Димитров, но и на сите нас како генерација, затоа што сакаме да почнеме да преговараме со Европската унија. Тоа е начинот за трансформација на општеството, тоа е начинот за да ги убедиме младите да останат во земјава, изјави Николовски на прашањето дали се можни евентуални проблеми пред претстојниот избор на новата македонска влада.

Би можело да ве интересира

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка