Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа на изборите

Од:

Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе почнуваат да се пребројуваат гласовите од денешните локални избори.

„Првичните трендови укажуваат на тоа дека СДСМ и коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина’ ќе забележат уште една сигурна победа“, рече Николовски, честитајќи им на сите граѓани кои учествуваа на изборите и до институциите кои овозможиле мир и демократски избори.

Во однос на проблемите кои се јавиле при гласањето со отпечаток од прст, Николовски рече дека се свесни за тоа, но немале друг избор, бидејќи станувало збор за барање на ВМРО-ДПМНЕ.

„Гласањето со отпечаток од прст беше услов за ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Изборниот законик и ние го прифативме тоа, со цел резултатите да бидат покредибилни и да нема алиби за било што“, изјави Николовски.

На следната прес-конференција се очекува да бидат соопштени првите резултати од изборите од аналитичкиот центар на владејачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ