Николовски: Предложен сум за вицепремиер, ќе дадам сè од себе

Од:

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски, вечерва соопшти дека е предложен за позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

„Почитувани пријатели,

Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре. Знам дека #можеме!,“ напиша Николовски на својата страница на Фејсбук.

Почитувани пријатели,Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава. Му благодарам…

Posted by Ljupcho Nikolovski on Среда, 19 август 2020

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?