Николовски: Врз основа на што АХВ тврди дека пијалокот е безбеден

Од:

СДСМ бара Агенцијата за храна да одговори врз основа на што тврди дека енергетскиот пијалок е безбеден, кога во случајот со труењето со него не прикажала резултати од лабораториски испитувања со кој ќе го докаже тоа пред јавноста.

Од партијата прашуваат зошто АХВ како надлежна институција за безбедност на храната, во која спаѓаат и пијалоците, нема донесено правен акт, кој треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка.

– Безбедноста на храната и пијалоците се законска обврска на АХВ, а не на пазарната инспекција. Ние веќе алармиравме, дека во Македонија се продаваат пијалоци што не се дефинирани во ниеден правилник. Дури и стручното мислење на Институтот за јавно здравје, алармира за пијалок што претставува закана за јавното здравје. Институт кој е член Националниот совет за безбедност на храната, кој пак е управуван од директорот на АХВ, Зоран Поповски, вели во изјавата дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во недостиг на стручни факти и аргументи, тие се служат со манипулации и за тоа избегнуваат веќе цели единаесет години секакви дебати. Јавноста знае дека бегаат од соочување со фактите.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски