Николовски: Нема препукувања во СДСМ, ги одбираме најдобрите кандидати

Од:

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денеска соопшти дека до крајот на месецот, СДСМ ќе ги објави и останите кандидати за претстојните локални избори.

Според Николовски, кој тврди дека во партијата нема никакви дилеми, ниту препукувања, СДСМ убедливо води во источниот регион, а одлуките за тамошните три општини најверојатно ќе бидат познати во понедленик или вторник.

-Верувам дека до крајот на месецот ќе ги објавиме сите останите кандидати. Нема препукувања, туку има повеќе кандидати, но ние сакаме да ги одбереме најдобрите. Го слушаме гласот на граѓаните, правиме внатрепартиски, но и теренски истражувања, отворено транспарентно, низ демократска процедура, истакна Николовски.

СДСМ, дополни генералниот секретар на партијата и вицепремиер, внимателно ги носи одлуките.

-Промовиравме 51 кандидат. Остануват уште над десетина општини. Имаме во последниот круг на одлучување општини во кои СДСМ води со над десет или 15 проценти. Во Крива Паланка водството на СДСМ над ВМРО-ДПМНЕ е 2:1. Секој кадндидат ќе го победи кој било друг. Целта е да ги одбереме најдобрите. И во Кочани водството на СДСМ е огромно пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Струмица, во Шуто Оризари,… Така е и во Македонска Каменица, подвлече Николовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски