Николовски: На избори ќе се оди со маски, за кампањите ќе се избегнуваат масовни собири и ќе се користат дигитални алатки

Од:

На претстојните парламентарни избори задолжително ќе биде носење маска и одржување два метри безбедносна дистанца. Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вели дека и кампањата ќе биде без масовни собирања и почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот. Кампањата ќе почне кога ќе биде ставен под контрола коронавирусот, а намалувањето на бројот на новозарзени и драстичното зголемување на бројот на оздравени пациенти Николовски вели дека води кон тоа.

„Факт е дека одржувањето на дистанцата, одржувањето на потребното растојание од два метри и дека користењето на заштитените маски ќе биде останат наше секојдневие и понатака. Тоа ќе биде секојдневие и тоа ќе бидат мерки кои ќе бидат дел од целокупните активности општествени, партиски, државни, и тие ќе бидат дел од секојдневниот живот на граѓаните. Тоа значи и во контекст на изборниот процес кој се наметнува по справувањето со коронавирусот и ставањето во контрола и по намалувањето на новозаразените и зголемувањето на бројот на оздравени одејќи кон ова нормално општество секако дека дистанцата, заштитните маски, ќе бидат дел од целокупниот овој процес, вклучително и изборниот процес. Секако почитувајќи ги сите мерки ние ќе избегнуваме и нема да има масовни собири, ќе се избегнуваат сите групни собирања, и се повеќе ќе се користат комуникациските, дигиталните и електронските елатки вклучително и во кампањата која што претстои“, рече секретарот Николовски.

Изборите, кои требаше да се одржат на 12 април, беа одложени со воведувањето на првата вонредна состојба од 18 март.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски