Николовски: Мојата позиција во Владата не се коси со ДКСК, борбата против корупцијата ќе ја водиме преку многу канали

Од:

Позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси воопшто не се коси со Државната комисија за спречување на корупцијата, туку напротив – таа е воведена за да се подобри соработката меѓу извршната власт и Антикорупциската комисија.

Ова во интервју за МИА го посочува вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој е всушниот првиот што ја презема новововедената функција.

Николовски нагласува дека е разбирливо е зошто луѓето би имале дилеми од типот – „зошто позиција на анти-корупционер кога имаме анти-корупциска”, но додава дека двете позиции не се косат една со друга.

-Позицијата воопшто не се коси со ДКСК, туку напротив, воведена е за да ја подобриме соработката меѓу извршната власт и самата комисија. Дури и ГРЕКО, анти-корупциското тело на Советот на Европа напиша во извештајот усвоен март 2019 година дека препорачува определување член на Владата или на ДКСК за токму таа цел. Во таа насока доаѓа и предлогот на премиерот за ангажирање вицепремиер со таа задача, во овој владин состав, вели Николовски во интервјуто за МИА.

За тоа што всушност подразбира оваа позиција и што тој ќе работи, Николовски вели дека борбата ќе се води преку многу канали.

-Широка и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна ДКСК, немање толеранција при откриени злоупотреби, обезбедување подобро и поефикасно услужување на граѓаните, подобрување на внатрешната комуникација меѓу институциите, зголемување на мотивацијата и ефикасноста на човечките ресурси во владините институции итн. Ќе инсистирам на зголемена транспарентност на сите нивоа на власт, на намалување на дискреционите права на функционерите и ќе се обидам да реагирам на сите сомнежи околу злоупотреба на позиција или моќ, појаснува тој.

Николовски во интервјуто за МИА говори и за неговите очекувања за евентуални опструкции од другите институции во борбата што ја најавува, но и за улогата на опозицијата во целиот тој процес.

Интервјуто со вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски МИА целосно ќе го објави утре.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите