Николовски: Јавноста има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука

Од:

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, на Фејсбук ја коментира одлуката на Апелација Сашо Мијалков да биде ослободен од затворскиот притвор.

„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков е скандалозна и ја поткопува довербата во судскиот систем кој треба да испорачува правда за сите.

Јавноста има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука за лице за кое има изречено првостепена пресуда со казна затвор од 20 години за тешки кривични дела.

Токму ваквите судски пресуди го разнишуваат интегритетот на судството и се дополнителен аргумент за потребата од Закон за потекло на имот“, напиша Николовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД