Николовски: Делев го ослободил АК „Џумајлија“ од закупнина за 5.642 хектари

Од:

„Продолжуваме да го откриваме незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за земјоделство и да ги браниме интересите на вистинските земјоделци.

Скандалите поврзани пуленот на Груевски, заменик министерот за економија Христијан Делев се редат како на лента.

Денеска објавуваме нов скандал поврзан до времето кога Делев бил заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Малку беа 334 хектари, малку беа дополнителните 3.220 хектари, Христијан Делев го ослободил АК „Џумајлија“ од плаќање закупнина за 5.642 хектари!!!

По кој закон и кој му дал овластување на Делев да потпише анекс договор со АК „Џумајлија“ со што го ослободува комбинатот од плаќање на закупнина за 5.642 хектари?!

Еве го и овој анекс договор со потписот на Делев.

Каде е ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор за овој скандал на актуелниот заменик министер за економија , Христијан Делев?

Каде е Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство да одговори какво е ова самоволие на функционерите на власта да отпишуваат законска обврска на фирми додека на земјоделците им се укинуваат субвенциите и еден ден ако задоцнат со плаќање на закупнина или друга давачка кон државата?

За крај и прашањето за одговорност и соочување со последиците.

Во очајнички обид да демантира за противзаконски договори со кои ги ослободува „Лозарство“- Таринци и „Вардар Градско“ од плаќање на закупнина, само ги потврди доказите кои ги објавивме.

Самиот Делев призна дека без овластување, потпишал анекс договори со што Лозарство Таринци го ослободил од плаќање закупнина за 334 хектари, а „Вардар Градско“ за 3.220 хектари државно земјоделско земјиште.

Затоа, во името на правдата и заштитата на интересите на вистинските земјоделци, барам надлежните институции веднаш да преземат соодветни законски мерки против заменик министерот за економија Христијан Делев за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Законите важат за сите.

Ние покажуваме што е вистинска грижа за земјоделците и земјоделското производство. Ние ќе ја вратиме и довербата на граѓаните, на земјоделците, во инстутуциите“, изјави Љупчо Николовски , дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски