ВИДЕО: Николовски бара измени во Законот за ловство

Од:

Да се укине ловечкиот испит по електронски пат и да се врати стариот начин на полагање, бара дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку измени во Законот за ловство.

Николовски, како што изјави денеска, бара да се укине и електронското наддавање за доделување на дивечот под концесија, и покрај условот на цената на понудувачот, да се земат предвид и стручните и материјално-техничките можности на понудувачите.

–  Досегашното полагање на ловечкиот испит по електронски пат не ги даде очекуваните резултати. Огромен број кандидати кои аплицирале за полагање, не можат да го остварат своето право заради небулозниот член од Законот за ловството кој предвидува полагање на ловечки испит пред компјутер, посочи Николовски и додаде дека бара формирање комисија која експедитивно и навремено ќе ги организира полагањата на испитите, со претставник на Ловечката федерација на Република Македонија.

Според него, дивечот во ловиштата треба да се дава  под концесија на оние правни лица кои нудат најдобри услови за развој на ловството, кои имаат искуство и знаење во оваа област.

– Работиме во интерес на ловците и ловечките друштва, кои на директен и индиректен начин ќе имаат огромна корист со измените во овој закон, потенцира дополнителниот заменик-министер за земјоделство Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?