Николовски: Амандманите за буџетот да се разгледуваат и за викендот

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалициските партнери, членови на Комисијата за финансирање и буџет денеска поднесоа барање да се работи и во сабота и недела со цел што побрзо да се донесат амандманите и што побрзо да се донесе буџетот на Република Македонија.

Пратеникот Александар Николовски уште еднаш упати апел до колегите од СДСМ и другите опозициски партии да се вразумат и преку констуктивна вклученост да се донесе буџетот на државата.

– Доколку на 24 декември, за кога и е закажана седница на Собранието на РМ, не биде ставен на дневен ред Буџетот на Република Македонија за 2013 година, во тој случај Буџетот нема да биде донесен до крајот на оваа календарска година. Според Деловникот потребни се 5 работни дена за разгледување и одлучување за буџетот на државата. Тоа значи дека последниот рок за буџетот да биде ставен на пленарна седница е 24 декември, изјави Николовски.

Во моментов, додаде тој, нема друга држава во Европа која функционира со таканаречено времено финасирање и ова се нема случено никогаш во дваесет години демократска историја на Република Македонија.

– Не е работата дали се прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку суштински важно е што се прави штета на граѓаните и се загрозува нормалното функционирање на државата, рече пратеникот.

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет вкупно биле разгледани само осум амандмани, а со вакво темпо годишниот буџет би се донел за дури шест месеци.

– За нас несфатлива е леснотијата со која СДСМ се дрзнува да си поигрува со судбината на илјадници граѓани. Со ова постапување на СДСМ повеќе не е прашање на зголемување на пензиите, туку се загрозува нивната редовна исплата, рече Николовски. Според него, на коцка се ставаат и се доведуваат во прашање и исплатата на субвенциите за земјоделците, социјалната помош за социјално загрозените категории на граѓани, платите на работниците, повратот на ДДВ за компаниите, стипендиите за студентите, бесплатното образование за учениците, субвенционирањето и помошта во здравството, лекувањето на болните…

– Поради тоа што неколкумина од раководството на СДСМ се одлучиле на ваква блокада, тие не смеат да ја држат во заложништво цела држава. Со тоа се газат и основните принципи на демократијата. СДСМ покажува загрижувачко непочитување на демократските вредности злоупотребувајќи ги законските правила и можности, рече тој искажувајќи верување дека во СДСМ има многумина кои не се согласуваат со ваковото неразумно однесување и ги повика и тие да влијаат да се одблокира работата на Комисијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ