Николовски: 100 дена мандат на Арсовска, 100 разочарувања за скопјани

Од:

Првите 100 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се 100 дена на неработа, неспособност и оправдувања. 100 дена мандат на Арсовска, се 100 разочарувања за скопјани рече на прес конференција Дарио Николовски од СДСМ.

– Арсовска се откажа од 70 милиони евра и го прекина проектот Бас рапид транзит, најважниот проект за трансформација на јавниот превоз.Да работеше Арсовска наместо да бараше оправдувања, досега ќе го довршеше мостот на булевар АСНОМ, а мостот на „Љубљанска“ ќе беше при крај. Ако Арсовска работеше, ќе беше завршена и реконструкцијата на Универзална сала. Во време на криза со топлинска енергија, Арсовска се сокри од јавноста и се прогласи ненадлежна за проблемите со парно греење. Владата предводена од СДСМ го реши овој проблем додека Арсовска ги игнорираше барањата на граѓаните. Излажа дека се исчистени 150 депонии, а во секоја скопска општина се уште има неисчистени депонии и секојдневно никнуваат нови, вели Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?