Николовска: Уставниот суд може да утврди дека сите акти донесени врз основа на член 11 се ништовни

Од:

На прашањето дали одлуката на законодавно-правната комисија во Собранието е обврзувачка за Уставниот суд, Маргарита Цаца Николовска, судија на Уставниот суд на БиХ и поранешна судија во Европскиот суд за човекови права, одговори со краток одговор „не“.

Таа тоа го образложи со оглед на тоа дека имаме поделба на власта на законодавна, извршна и судска, а уставниот суд е надвор од оваа поделба, односно тој е независен орган кој одлучува за уставноста на некој акт.

Друго прашање е одлуката на законодавно-правната комисија, а тоа е дека нема потреба од автентично толкување на членот 11. Во ваков случај Уставниот суд чека автентично толкување од Собранието.

Таа рече дека смета дека Собранието треба да се впушти во расчистување на прашањата околу членот 11 и членот 11 а. Во случај кога членот 11 е ништовен, Собранието во своето автентично толкување треба тоа да точно да го наведе, објаснувајќи што е целта и што значело секое законско решение во тоа време и што се сакало да се постигне.-посочи Николовска.

Иако законодавно-правната комисија донела одлука дека нема потреба да се дава автентично толкување на членот 11 ,затоа што тој е ништовен, но Собранието е тоа кое треба да одлучи што понатаму, и да даде објаснување врз основа на то Уставниот суд ќе го цени актот на уставноста на Собранието, истакна Николовска.

Уставниот суд може да утврди дека чл. 11 е нешто што сите акти донесени врз основа на тој член се ништовни. И во таа насока да ги третира последиците од тие акти.

Дали Уставниот суд ќе се впушти во утврдување на последиците е друго прашање, заради тоа што тој има обврска да донесе одлука или укинувачка или поништувачка, заклучи Николовска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ