Николова: СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард

Од:

Владата предводена од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложува во образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Со постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот, за пет години платите во образованието вкупно ќе пораснат за 36 отсто во споредба со 2017 година рече на прес конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

– Освен во основното и средното образование, растат платите и на вработените во високото образование. За првпат беше потпишан Колективен договор со што платите во високото образование се зголемија за 10 отсто, a со тоа започна исплатата и на минатиот труд. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Двојно ги зголемивме стипендиите за студентите, а за првпат воведовме и стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари вели Николова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски