Николова: Доградбата и надградбата на ОУ Блаже Конески е капитална инвестиција на Владата, а не на Муцунски

Од:

Доградбата и надградбата на ОУ „Блаже Конески“ е капитална инвестиција за која 100 милиони денари одвои Владата од централниот Буџет за 2024 година. Владеачкото мнозинство во Собрането предводено од СДСМ во амандманската расправа за Буџетот прифати амандмани на опозицијата со кои се обезбедија 2 милијарди денари, односно 32,5 милиони евра за капитални инвестиции во вкупно 44 општини во државата, вели пратеничката на СДСМ Даниела николова која е и претседателка на општинската организација на партијата за Аеродром.

– Од овие средства за Аеродром се одвоени вкупно 170 милиони денари со кои во 2024 година се овозможи доградбата и наградбата на ОУ Блаже Конески и изградба на нов објект на клонот изворче од ДГ Срничка. Оваа инвестиција го решава проблемот со недостаток на места во училиштата и градинките на територија на Стар Аеродром. Парламентарното мнозинство даде поддршка за овие амандмани со цел да го поттикне развојот на општините и да создаде услови за рамномерен регионален развој. Спротивно на тоа, во отсуство на капитални инвестиции финансирани од Буџетот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски не пропушти да се пофали и со овие капитални проекти. Го повикуваме Тимчо Муцунски да ги засука ракавите и да почне да работи. Наместо да се фали со туѓи проекти, нека почне конечно да ја реализира програмата за која доби поддршка од граѓаните пред 2 години. Општинита нема сама да се исчисти, четирите градинки нема сами да се иградат. Исто и 3.000 нови паркинг места, новите кружни текови, улици, велосипедски и пешачки површини, рече Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот