(ВИДЕО) Николова: Бајруш Сејдиу не направи ништо во споредба со Груевски и неговата тајфа

Од:

За разлика од овие криминалци, кога го уапсија Бајруш Сејдиу притворите беа до 40 месеци за што и Стразбур пресудата ја потврди како нанесена тортура. Беше осуден на 18 години затвор, неговиот имот разграбан, а се држи во изолација во затвор. Она за што го обвинуваат не е ништо во спроредба што го направија Груевски и неговата тајфа. Селективна правда се шири во Македонија.

Јака Табак беше компанија со светско реноме, носеше 15 милиони евра годишен прилив. Во таа компанија 2007 година упаднаа криминалците на Чавков, кој не може да издржува казна затвор, а лица со канцер може да се лекуваат во непристојни услови во затвор. Луѓе беа апсени, без да се знае зошто, веднаш им беа изречени мерки притвор, а жалбите беа постојано отфрлани. Ги држеа цела година во притвор и добија огромни казни за дела кои не ги направиле. Како овие лица и стотици невино осудени, ќе дојдат до својата правдина, рече Мери Николова.

На прес конференцијата „Слобода на жртвите од Груевизмот“ роднина на затвореникот Исмаил Аѓеми кажа дека во три часот кога бил приведен му била дадена инекција и во несвесна состојба не знаел што зборува и потпишува. Однесен е без адвокат кај судија а се товари за терористичко дело. Го осудија на доживотен затвор, тој бара правда не сака амнестија. Дест години ова беше власт која наредуваше на сите студии. Може оваа власт ќе има доблест да не сослуша и да се вратат овие случаи на повторно судење, кажа роднината на Аѓеми.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески