(ВИДЕО) Николов: Здравство без хартија, модернизација на Клиничкиот центар во Скопје, и реконструкција на здравствените центри низ државата

Од:

„На 15-ти јули изборот е јасен, има два концепти едниот e дезорганизација и дезориентација, корупција и криминал, уништување, и ароганција, а другиот концепт на обнова и понуда на над илјада проекти и мерки за секого.

Три години јавното здравство се разградува и разнебитува, пациентите се заборавени, медицинските лица се излажани и заборавени, условите за работа се влошени, нема ниту план за нов Клинички центар, а капацитетите во јавното здравство се разградуваат.

На оваа власт фокусот не и беа ниту и се граѓаните. Фокусот беше и се уште е на тендерски процедури, но и на лични и партиски интереси“, рече Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Видовме само ароганција, надменост и незаинтересираност за решавање на проблемите на пациентите. Го заборавија медицинскиот персонал, но не ја заборавија мафијата во фармацијата.

Наместо да го задржат, продолжија да ги бркаат медицинарите и медицинскиот персонал. Наместо нов Клинички центар, никна паркинг за 200 возила во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“. Наместо подобрување на лекувањето во јавното здравство, најдоходовните процедури ги изнесоа од системот, а устите им се полни со Европска унија.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди програма, конкретни проекти и мерки. Фокусот во здравството ВМРО-ДПМНЕ го става подеднакво, како на пациентите, така и на медицинскиот персонал. Целта е навремена и соодветна здравствена услуга, задоволни пациенти, задоволен медицински персонал, медицински персонал кој ќе остане тука, а не да работи по здравствените установи во светот, а граѓаните во Македонија да нема кој да ги лекува.

Здравството не смее да се сфаќа како област која треба да биде движена од профит за малкумина, туку бенефит за многумина.

Некои од клучните аспекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“ се: Прво, воспоставување на целосно функционален концепт на здравство без хартија, кој подразбира целосна дигитализација на здравствениот и фармацевтскиот систем.

Второ, формирање на национално координативно тело за здравство, кое ќе придонесе за оптимизација на здравствениот третман на пациентите.

И трето, модернизација и функционална интеграција на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска градска болница „8-ми Септември“, модерна универзитетска Клиничка болница во Штип и реконструкција на здравствените центри во целата држава.

Затоа дајте ја вашата поддршка за луѓе кои работат и го реализираат ветеното.

СДСМ покажаа дека можат единствено само повеќе да дезорганизираат, повеќе корупција и повеќе криминал. Да ставиме крај на ова расипничко водење на државата.

Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Гласајте за број 14, за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее