Николов: Владата не задолжи со нови 50 милиони долари за изборни злоупотрени

Од:

СДСМ реагира бидејќи на седница на Комисијата за финансирање и буџет, по скратена постапка Владата достави предлог на Закон за ново задолжување со дополнителни 50 милиони долари од Светската Банка.
Иако, велат, со насловот на Законот Владата го оправдува ова ново задолжување со поддршка за конкурентност, всушност во самото образложение во предлог законот признава дека средствата ќе се користат за буџетските потреби.

„Иако сите досегашни задолжувања, актуелната власт ги најавува како неопходни за инвестиции во инфраструктура и капитални објекти, суштински Владата ниту изгради некој инфраструктурен објект, ниту вложува во енергетиката, гасификацијата , туку речиси сите средства со кои ги задолжи граѓаните, неповратно ги потроши за рекламни кампањи, барокни фасади, златни огради, прескапи врби и споменици.Во сите изминати години апелиравме до Владата да престане со неразумното задолжување со нови милионски суми со кои драматично се загрозува макроекономската перспектива на земјата. За жал, Владата не само што не се откажа од расипничкото трошење на народните пари, туку напротив, продолжи агресивно да ги задолжува граѓаните, кое во последните три години изнесува повеќе од една милијарда евра“, изјави Марјанчо Николов.

Имаме, вели, легитимно право да се сомневаме дека овие нови 50 милиони долари заем, ќе бидат злоупотребени во предизборни цели во пресрет на изборите во март. Нема да и биде прв пат на власта, со овие средства, комбинирано со закани и уцени преку државните институции да се обиде да ги корумпира гласачите.

СДСМ потсетим дека во пресрет на претходините избори во 2011 година, Владата се задолжи за цели 220 милиони евра од ММФ со истото образложение за буџетски потреби, а ваквите злоупотреби на институциите и буџетските средства, се нотирани како главни забелешки на ОБСЕ/ОДИХР, кои власта упорно одбива да ги прифати во предложените измени на изборниот закон.

„Пратеничката група на СДСМ поднесе преку 100 амандмани на овој нов предлог на Владата за задолжување со дополнителни 50 милиони долари.Сакаме со ваков пристап да се обидеме да ја отрезниме Владата, конечно да се повлече од своите намери по секоја цена и без кочници да ја задолжува и да ја води земјата кон економска бездна.Очекуваме дека владејачкото мнозинство ќе ја сфати улогата на коректив на Владата и ќе ги подржи нашите амандмани со кои ќе ги дефинираме сите критериуми и точната намена за која Владата ќе може да ги потроши овие средства.Во иднина сите буџетски задолжувања со формулации „за буџетски потреби“, односно без јасна дефинирана намена и конкретна корист за граѓаните и стопанството, СДСМ ќе ги употреби сите средства истите да ги спречи.За ставот на опозицијата во врска со новите задолжувања ќе ја известиме и Светската Банка“, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД