Николов: По изиграните ора во Штип, денеска Филипче и Заев го исмеваат народот со нови мерки

Од:

Заев и Филипче глумат загриженост, наводно прифаќаат некакви мерки, но во исто време на корона изборите тераат оро и слават во кафеана. Додека пациентите не можат да се обезбедат со инсулинска и антикоагулантна терапија, додека се соочуваме со инсулинска криза во државата, тие народот го лажат и го замајуваат дека имало мерки, и дека се преземаат нови мерки. Во најмала рака ова е навреда за граѓаните, и навреда за болните – рече на прес конференција претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

„И наместо да се слушне струката во врска со пандемијата со КОВИД-19, таа се користи за параван за неспроведување мерки, а се слушаат пи-ар претставите на Филипче и на Заев. Комисијата за заразни болести не е ништо друго туку еден обичен параван. Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што се предлагаат тие мерки, во исто време треба да се објави и објасни кога се планираат тие цели да бидат остварени. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче претставува еден обичен пи-ар. Треба да се одговори, зошто досегашните мерки кои што ги имавме наместо резултати дадоа пролонгирана агонија. Ги навикнаа граѓаните на 20, 30 па и 40 починати во текот на денот, во текот на 24 часа. Ги навикнаа граѓаните на 30-35% позитивни од вкупно тестирани во 24 часа“ – порача Николов на прес конфернцијата која е реакција на денешната објава од Владата на новите рестриктивни мерки за заштита од ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му