Николов: Мнозинството на Груевски се исплаши од јавната расправа за буџетот и ја одложи

Од:

Би сакал во име на пратеничката група на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и коалициските партнери да го изразам незадоволството и протестот од денешната постапка на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја направија на Комисијата за финансирање и буџет, симнувајќи ја подолу точката од дневен ред којашто се однесуваше на Законот за буџетите поднесен од опозицијата, рече Марјанчо Николов, пратеник и претседател на Комисија за финансирање и буџет.

Со ваквата постапка цениме дека изразуваат непочитување кон пратениците од опозицијата, непочитување кон поканетите претставници на невладините организации и здруженија на граѓани и изразуваат длабока неподготвеност и непочитување да ги слушнат аргументите зошто законското решение е предложено. Цениме дека оваа постапка е направна само да се избегне можноста, јавноста во што поголем број да слушне кои се аргументите зошто опозицијата ги предложи измените и дополнувањата на Законот за буџетите, во делот којшто се однесува на транспарентноста на трошењето на парите на граѓаните.

Јас се надевам дека ова нема да се повтори, дека колегите од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја злоупотребуваат позицијата што ја имаат како мнозинство и да ги симнуваат точките од дневен ред или да ги одложуваат точките од дневен ред предложени од опозицијата. Тоа не води во насока на квалитетна дебата и на развивање на парламентраната демократија во Република Македонија. Аргументите, фактите, целите зошто се поднесени овие законски решенија, и покрај обидот на колегите на ВМРО-ДПМНЕ да ги одложат, јавноста ќе ги дознае и ќе може да цени кој за што се залага и зошто бараме да се знае каде и како се трошат парите на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ