Николов: Да се изврши тестирање на сите ризични групи и да не се ризикува повторно ширење на заразата

Од:

„Колку и мал број тестови да се направат, бројката на ново дијагностицирани со Корона се движи од околу 7-10%. Доколку таа бројка се екстраполира на поширока популација јасно ќе стане дека бројката на позитивни пациенти ќе биде значително повисока“, пишува на својот фејсбук профил, Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се креираат политики, за да може да се добие вистинската епидемиолошка крива и неопходните епидемиолошки параметри врз основа на кои можат да се носат одлуки и да се спроведуваат политики, недвосмислено е потребно да се зголеми бројот на тестирани граѓани.

Особено е важно систематски да се тестираат ризичните групи како здравствените работници, полицајците кои се на терен, касиерите и оние кои што работат на шалтери каде контактираат голем број на луѓе, возачите на јавните сообраќајни претпријатија, воспитачките во градинките, итн.

Само еден случај кога некој од овие реизични групи би ја расејувал болеста и вирусот, може да не доведе до враќање на почетната состојба со епидемијата.

Во исто време потребно е да се подготват протоколи за секоја социјална активност која што значи реактивирање на животот на граѓаните.

Потребно е здравствено просветување на граѓаните, а особено на оние кои што ги спроведуваат политиките“, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ