Николоски: Владата да не ја игнорира опасноста, местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денес присуствуваше на настан посветен на одбележувањето на Денот на Европа, кој се одржа под насловот ,,Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор” и посочи дека силно сме проевропски ориентирани и ја поддржуваме интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Николоски говореше на тема за која рече дека некако се избегнува во Македонија, која не треба да се сфаќа несериозно и истакна дека на истата таа тема ја посветил неговата последна колумна.

– Имено, претседателот на Франција Емануел Макрон после последната победа на претседателските избори, мислам дека излезе досега со најјасен негов концепт за скицата на идниот европски модел. Како што гледаме, тој концепт од некои земји членки на ЕУ дури беше и поддржан, а вчера претседателот на Европскиот совет најави дека ќе свика еден собир на кој ќе се разговараа за оваа идеја. Накратко кажано, скицата е многу едноставна, ЕУ на постојните членки плус некоја нова земја доколку ги исполни економските правни и системски критериуми на ЕУ, сите останати кои не сакаат да се дел од ЕУ која е една мала група од веројатно Велика Британија, Швајцарија и Норвешка и оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство во ЕУ, секако тоа една далеку поголема група, тука се Балканските земји и земјите од Истокот на ЕУ да бидат дел од т.н. Европска политичка заедница. За наједноставно да ја опишеме таа нова Европска политичка заедница и за јавноста и за медиумите, мислам дека се работи за една лабава форма на осојузување без цврста хиерархија, без извршна економска моќ, некоја напредна форма на Советот на Европа или ОБСЕ ако сакате. Во превод, далеку од европскиот сон кој го сонуваат генерации и генерации Македонци. Оттука, за мене збунува игнорантноста на македонската владејачка структура како и на општествената елита за овој предлог. Воопшто не се отвора дебатата, а дури одредени структури се огласија и мислат дека е добра идеја. Јас лично, мислам дека за Македонија, членството во ЕУ нема и не смее да има алтернатива. – рече Николоски.

Николоски додаде дека не смееме да размислуваме на ниту еден друг проект освен на полноправно членство во ЕУ затоа што тоа граѓаните на Македонија со децении го заслужуваат. Продолжи и кажа дека во исто време мора да се работи силно на борба со организиран криминал и корупција, воспоставување на функционален систем на владеење на правото и силни реформи како економско покренување на Македонија кои ќе водат кон успешни разговори за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви