Николоски: Се надевам на разум, СДСМ да седнe на лидерска средба за датум за предвремени избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активна блокада на Собранието се до определување на датум за предвремени парламентарни избори рече денеска потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, александар Николоски.

– Не се закажуваат седници на собрание, не се закажуваат седници на комисии, што само покажува дека активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ е успешна, затоа што она што ни беше цел а тоа е да ги блокираме штетните законски решенија кои што се спротивни на интересите на граѓаните, а се само една во интерес на една тесна клика на СДСМ и ДУИ, успеваме да го направиме. Се надевам дека ќе имаат доволно разум, доволно свест, и доволно волја да седнеме следните денови на лидерска средба на која што заеднички ќе определиме датум за предвремени избори, а исто така ќе се договориме околу четирите клучни проблеми кои што ги има Македонија, тоа се во делот на финансиите, во делот на европските интеграции на проблемот со Бугарија, во делот на образованието, здравството како би можело заеднички да изнаоѓаме решенија вели Николоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни