Николоски: Пендаровски од озборувач број еден во Македонија стана и навредувач број еден, крајот му се ближи затоа е нервозен

Од:

„Од сите краишта на Македонија доаѓа многу добра енергија и победата е пред нас, победата е извесна, победата се гледа“, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 од митингот во Кривогаштани.

„Поразговаравме и со претседателот на општинскиот комитет пред да започнеме, го прашав дали Стево Пендаровски ве посетил. Ми рече да, беше пред некој ден на митинг тука. И прашав, а кога претходно дошол, претседателот на ОК рече беше на митинг пред пет години исто така“, истакна Николоски.

Николоски додаде дека тоа значи дека жителите од Кривогаштани на Пендаровски му требаат само за гласови, чим доаѓа само за митинзи. Во пет години претседател на Македонија не нашол време и можност ниту еднаш да дојде во Кривогаштани и да ги посети жителите.

„И мислам дека е доволна причина да си замине. Мислам дека е доволна причина да имаме масовна излезност, прво на 24-ти април, па потоа и на осми мај, и да го испратиме во неславната историја на Македонија. И да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател“, рече тој.

Тој посочи дека се воочува како нервозата царува кај Пендаровски, и наместо да одговара за она што го сработил во изминативе пет години тој навредува. А, не одговара затоа што ништо не сработил. И наместо да одговори на сериозните наоди и обвинувања кои што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ пред се во делот на неговата заштита на криминалот и корупцијата во Македонија, тој повторно навредува.

„Човекот кој што пет години ги потроши во озборување во Македонија, кој што стана озборувач број еден во Македонија, сега стана и навредувач број еден во Македонија. Тоа е тоа по што ќе го паметиме Стево Пендаровски“, нагласи Николоски.

Николоски порача на Македонија и е потребен многу подобар претседател, кој што ќе се грижи Македонија да биде соодветно претставена и дома и надвор, ќе ги штити Уставот и законите, територијалната целовитост на Македонија, и ќе гледа Македонија да напредува, а таков предлог е Гордана Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Дојран: Николиќ ќе добие нов лик со подобрено електрично снабдување, нова патека и уредена плажа

Николоски: Во Ѓорче Петров со поддршка од Светска банка целосно ќе се реконструираат улици

Николоски: Нема да има предвремени парламентарни избори

Горан Наумовски

Следи голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка, вели Николоски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ќе се одземат 97 лиценци кои не ги исполнуваат условите од законите за градење и за урбанистичко планирање