Николоски: Од кампањата за вакцинација, се гледа дека единствено нешто што ја интересира власта е на кој начин да направи пари

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешната посета во општина Кисела Вода одговарајќи на новинарско прашање запрашан за негов коментар околу новата кампања за пи-ар кампања на Владата поврзана со коронавирусот, тој истакна дека кампањата очигледно се покажа дека единствено нешто што ја интересира власта е на кој начин да направи пари.

„Во однос на Кампањата, очигледно се покажа дека единствено што ја интересира власта е на кој начин да направи пари и од ова, затоа што се трошат 300 илјади евра за слики кој што секој може да ги најде на интернет , кој што се украдени буквално од интернет, само напишете на Гугл слики за среќа и излегуваат овие слики кој што се дел од ,,кампањата’’ што само покажува дека единственото нешто на што размислуваат е како да злоупотребуваат буџетски средства“, кажа Николоски.

Тој посочи дека „всушност затоа и Македонија е во оваа епидемиолошка состојба“,

– Да ги потсетам граѓаните дека кога другите држави се вакцинираа во Македонија немаше вакцини, беа принудени македонските граѓани да одат во Србија да се вакцинираат или во Бугарија, а зошто немаше вакцини, затоа што трчаа по провизии, договараа провизии преку фантом фирмата од Хонг Конг наречена „СТАБРИ“, рече Николоски.

„Tоа е едната крајност и сега одат во друга крајност каде што на еден фашистички начин ги делат луѓето на вакцинирани и невакцинирани, па невакцинираните не смеат да влегуваат во објекти а најголем дел од нив се невакцинирани затоа што власта не успеа да обезбеди вакцини“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му