Николоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10

Од:

Македонија со Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпише декларација за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, а дополнително на иницијатива на Виена ќе биде склучен договор за доизградба на Коридорот 8, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот во рамките на Министерскиот совет на Транспортната заедница.

– Она што очекував дека ќе се случи, се случува. Ќе потпишеме заедничка декларација со Грција, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железничкиот Коридор 10. Тоа нешто беше подготвено од минатата година, но за жал беше одложено заради несреќата во Нови Сад. Тоа е многу значајно за нас, бидејќи нема поента да потрошиме над две милијарди евра, а другите држави да не градат, рече Николоски.

Според него, со овој документ Грција ќе се обврзе да ја заврши изградбата на брзата пругата на делот од Солун до Гевгелија.

– До јануари ќе ја завршат сигнализацијата до Гевгелија. Ќе има најмодерна сигнализација и после тоа ќе почнат да работат на двоколосечна пруга. Едноколосечната пруга веќе до јануари ќе биде со брзина до 120 километри на час за карго превозот, што значи дека возовите многу побрзо ќе одат до Солунското и Атинското пристаништа, рече Николоски.

Тој додаде дека Грција ќе ја гради и втората железничка линија, која треба да биде намената за патнички возови и се очекува таа да биде готова некаде до 2030 година, кога и ние ќе ги завршиме патничката пруга, додека првата, карго линија, ќе биде готова до 2028 година.

Кога станува збор за Србија, според Николоски, таа ќе се обврзе да го изгради делот од железничката пруга од македонската граница до Ниш.

– (Пругата) Белград-Будимпешта е готова и ја ставаат во функција, а Будимпешта-Виена веќе постои како брза пруга, што е една одлична вест за Коридорот 10, додаде вицепремиерот.

Николоски најави дека на иницијатива на Австрија ќе потпишеме и Договор со кој Албанија ќе се обврзе на изградба на инфраструктура на трасата на Коридорот 8.

– Нема поента ние да трошиме средства, Бугарија да троши, а Албанија да не го прави истото, бидејќи треба да се поврземе од Драч до Црното Море, истакна Николоски.

Тој додаде дека визијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да стане центар на Балканот, во овие година и половина почнува да дава резултати, а за што како факти ги истакна овие меѓународни средби и средствата што се одвојуваат за крупните капитални проекти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Граѓаните свесни за загадувањето, но со ограничено знаење за еко-отпечатокот на облеката

Предраг Петровиќ

Маск влезе во историјата: Стана првиот човек со богатство од над 700 милијарди долари

Предраг Петровиќ

Уништени 22,3 тони киви за преработка од увоз

Синдикалната минимална кошница за месец декември e 65 492 денари

Предраг Петровиќ

Путин: Руската економија стабилна и покрај предизвиците, инфлацијата во 2025 година најмногу 5,8 проценти