Николоски: Нема населено место во кое не носиме спортска инфраструктура

Од:

Сериозно сме посветени на спортот и правиме се што е во наша можност да создадеме спортска инфраструктура и да им дадеме шанса на сите што сакаат да се занимаваат со спорт, рече потпретседателот на Владата Александар Николоски на отворањето на Првиот регионален спортски самит – Скопје 2025.

– Имаме сериозна програма која втора година по ред ја правиме во рамки на локалната самоуправа со која минатата година инвестиравме стотина милиони евра во општините, оваа година одиме со 250 милиони евра и тоа ќе продолжи во годините пред нас каде што сериозен дел има и инфраструктурата во спортот. Нема населено место во кое не носиме спортска инфраструктура и мислам дека тоа е основата затоа што младите генерации ќе можат да практикуваат спорт и со тоа да им дадеме шанса. Паралелно со тоа во тек се неколку законски измени со кои што треба да овозможат сериозни финансиски олеснувања од една страна и од друга страна сериозни инвестиции, на начин што државата ќе оддели дел од средствата и ќе ослободи даноци за оние кои ќе инвестираат во спортот. Таа синергија меѓу инфраструктурата и можноста на инвестирање во спортот ќе даде резултати. Она што е значајно за нас како Влада е да ја држиме политиката надвор од спортот- се обрати потпретседателот на Владата, Александар Николоски.

Би можело да ве интересира

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка

Англија ја декласира Хрватска со 7:0 и ѝ го нанесе најтешкиот пораз во историјата